Pinned Tweet
Замислете мексикански коментатор се дере по голот на Елмас за победа, МАКЕДОНИЈААА, МАКЕДОНИЈА, а претседателот наш на нашата ни земја не смее да изговори која држава играла и победила.
Кое дно е допрено, господ напомош нека им е.
Зошто некој кога ќе ослабе по дефиниција мисли дека е поубав?
Познавам доста луѓе убаво пополнети, а и доста што ослабеле и не личат сега на ништо.
Зошто се молчи за нападот на две 11 годишни деца во Тетово од голема група на поголеми малолетници етнички Албанци?
Дали се молчи од МВР затоа што нападнатите деца се Македонци и дали некогаш ќе се спречи ова кое доведува до дирекно иселување на Македонските семејства?
Зошто секоја очајна разведена мамичка мисли дека секој што ќе ја додаде на ФБ сака да ја ебе?
Луѓе гледајте си ги животите бе, не се срамете јавно пред фамилија и пријатели.
Бугарија ги дава најскапоцените предмети земени од Егејска Македонија сега Северна Грција за коски кои наводно се на Цар Самоил, до сега научно недокажано.
Уште еднаш грчката дипломатија се покажа како неприкосновена, а Бугарите повторно докажаа зошто сите со нив се потсмеваат.
До Миле да почекам.
Во Македонија брат чека тој што нема пари да те плати тебе, а тој што има пари не чека затоа што има врски.😉
Колку пари и ајфони вреди повеќегодишното беззаконие на Мобилих и Ледиком, цела држава знае дека фискална не издаваат, се плаќа исклучиво во кеш и во евра, не плаќаат данок и царина на мобилните и итн итн?
Срамна држава, срамни и корумпирани институции и луѓе!
Каква превара е овој Седловски, ова му доаѓа исто како кога ќе те вработат со врски преку партија во контрола за летање, а ти си молер.
Дали се сериозни дечкиве од Аурора Берово?
Само да влезеш да го искористиш базенот со жена и дете треба 4500 денари да платиш. Не овие ги претераа сите граници, ова е навреда за секој Македонец, кој работи за 1000-1500 денари дневница, а тоа се 80% од луѓето.
БОЈКОТ!
Добро бе што е со луѓево, се дрогираат ли сите или психички све забегало? Абе ова не се дешава ејј, жена и тоа ?!?!
Вистина е дека со БРТ булеварите кај што ќе проаѓа од 3 ленти ќе се скратат на 2 ? Па тоа ќе биде тотален колапс на Скопје, со оглед што на едната лента цело време има застанато некоја кола. Неќам да замислам каква лудница ќе биде кога би ги скратиле лентите од Лисиче до Ѓорче.
Цел стадион продаден за 5 саати пред месеци, луѓе молат за карта секој ден, а во реалност полу празен стадион, еден куп препродавачи кои заработија и неспособни организатори.
После ова Аволон и лигушот може да се распуштат.
10 000 луѓе не ги сменија картите за алки и нема да присуствуваат на вечерашниот концерт иако беше цел распродаден за неколку саати во Мај месец.
Полоша организација од Аволон и Мвр ниту се видела ниту ќе се види.Направија рај за препродавачите на карти, поготово партиски ботови.
Не знам зошто се чудите што се препродавале карти по скапи цени, сте биле ли некогаш на некој настан во било која држава? Секаде е исто и се прави препродвање. Финалето ЛШ во Будимпешта годинава картите од 400е се препродаваа по 5000е.
Денес околу Скопје гори на 10 места, цел град е под чад. Исто како и лани овој период во Септември од кога ќе се вратат луѓето од одмори и кога децата ќе почнат школска година, намерно некои центри подметнуваат пожари. Лани овој период гореа отпадите, поготово тој во Трубарево.
Тежок дебакл ќе биде концертов на Гета, од аспект на организација. Замисли сите 50к луѓе што купиле карти онлајн дел од МКД дел од странство, трба сега физички да дојдат пред стадион, алка да им стават и да ја носат до концертот, односно 4 дена без да ја оштетат и изгубат….
Да направи некој новинар истражување колку луѓе загинаа во сообраќајни несреќи на патот Кичево - Охрид изминативе 10 години ќе се запрепастиме од бројката.
Ужас !!
И после се чудиме зошто ни е ваков наталитетот и зошто ќе не снема како народ за многу брзо време.
Да не зборам и за неможноста да се основа фамилија каде што млад брачен пар не може да си дозволи да купи стан веќе, квадрат во Скопје достигна и 2500е, за да се богати мафијата.
Сериозно уште никој не се заинтересира што и кој ги труе Карпошани во сред лето секоја вечер?
150 ПМ10 во сред лето кога цел град е со чист воздух, освен оваа мерна станица.
@OpstinaKarpos









