Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2) header
Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2) profile picture

Interior design studio creating homes that exceed our clients' expectations. Check our shop at https://teapaw.org/t.co/bRdJrsTxYz

Skopje, Macedonia
Joined November 2020
Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)
Мебелот не мора да биде скап за да биде убав. Ниту, пак, пристапната цена значи генерички дизајн. Со добар избор на материјали, внимателно осмислени детали и малку креативност, и мебелот со пристапна цена може да има карактер, елеганција и cool изглед. Добриот дизајн не е прашање на цена, туку на размислување. 2026 не мора да изгледа генерички! – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
7
195
Дали знаете дека најпосетуваниот музеј во светот не е Лувр, туку се наоѓа во Пекинг? The Palace Museum, познат и како Забранетиот град (Forbidden City), во 2025 г. го посетиле околу 19 милиони луѓе. Изграден во XV век, бил царска резиденција и политички центар на Кина за време на династиите Минг и Ќинг. Комплексот е вистински град во градот, со палати, церемонијални сали, дворови и градини. Секоја градба, боја и архитектонски детаљ имале свое симболично значење. А најинтересното? Не мора да патувате до Пекинг за да го истражите. Официјалната дигитална платформа нуди панорамски виртуелни разгледувања, приказни за архитектурата и можност да откриете делови од комплексот кои некогаш биле достапни само на царскиот двор. Истражете го Забранетиот град од вашиот дом. THE PALACE MUSEUM Virtual Exploration - intl.dpm.org.cn/explore.html… Google Arts & Culture - The Palace Museum, artsandculture.google.com/pa…
13
242
РЕТРО Нема ништо ново на сонцето. На прв поглед, овие две фотелји/столици изгледаат како варијации на иста дизајнерска идеја. Но, ги делат повеќе од четири децении. Лево е Brno Chair (1929–1930), дизајнирана од Лудвиг Мис ван дер Рое во соработка со Лили Рајх, за вилата Тугендхат во Брно, денес еден од најзначајните примери на модернистичката архитектура. Десно е PK13 (1974) на данскиот дизајнер Поул Кјерхолм. Што ги поврзува? Кај двете фотелји, челичната конструкција не е само потпора, туку суштински дел од естетиката. Наместо традиционална четириножна основа, рамката е обликувана така што седиштето изгледа како да лебди. Кожата и металот создаваат контраст меѓу мекоста и цврстината, комфорот и конструктивната прецизност. Но, Кјерхолм не застанува на повторување на формата. Во PK13 ја радикализира идејата: ја поедноставува конструкцијата, ги редуцира визуелните елементи и ја доведува до речиси скулптурална минималистичка форма. Во литературата за дизајнот, оваа фотелја се опишува и како негова интерпретација на Brno Chair. Ова е добар пример за нешто што често го забораваме кога зборуваме за дизајн: оригиналноста не мора секогаш да значи создавање нешто од нула. Дизајнерите работат во заеднички културен и технолошки контекст. Идеите се пренесуваат, надградуваат, менуваат и повторно се појавуваат во различни форми. Некои решенија се директни интерпретации, други се резултат на слични потреби, материјали или конструктивни можности. Затоа, ваквите споредби не треба да ги гледаме како натпревар меѓу дизајнери, ниту како автоматски доказ за копирање. Понекогаш е поинтересно да се следи патот на една идеја отколку да се бара нејзиниот единствен автор. Дизајнот дефинитивно не се развива во изолација. Тој е континуиран дијалог меѓу минатото, сегашноста и она што допрва ќе биде создадено. #DesignHistory #FurnitureDesign #Modernism #DesignThinking #Dekorama
4
124
SINSAY sinsay.com/mk/mk/tapacirana-… знаат да изненадат со некои симпатични парчиња како оваа храбра зебра. 🦓 Оваа клупа/отоман е создаден да привлече внимание. Црно-белите ленти внесуваат графички ритам, црните ногарки ја нагласуваат едноставната форма, а целината носи доза разиграност и карактер. Во ходник, пред креветот во спална или како акцент во дневната соба, оваа тапацирана клупа е мал дизајнерски гест со голем ефект. Би се вклопила лесно во различни стилови, за љубителите на еклектичен стил, смелите контрасти и мебелот со став.
1
14
457
Дали добриот дизајн бара совршен ред? - Не секогаш. Спонтаните, неорганизираните, па дури и малку хаотичните простори можат да имаат сопствен карактер и привлечност. Добриот дизајн не е во совршената контрола на секој детал, туку во балансот меѓу промисленото и спонтаното, меѓу редот и слободата. – Косуке Џинпацу, masuichiSTUDIO
13
353
Како да тераме бизнис во Мк? Плаќаш фактура од 69 евра кон Словенија преку СЕПА, а Комерцијална банка ти наплаќа 1.100 денари провизија. Речиси 18 евра за трансфер на 69 евра! Да разложиме - 600 МКД надомест за реализација на СЕПА трансферот; - 500 МКД дополнителен надомест поради физичко поднесување на налогот во филијала = претпоставувам на Изготвување на обрасци во име на клиенти. И покрај тоа што КТС налогот за конкретната трансакција го пополнив самостојно?????1 Која е целта на СЕПА? Да ги поевтини и да ги направи подостапни прекугранични плаќања или нова можност банките да ги оптоваруваат малите бизниси? @TSlaveski
20
26
153
8,988
Како би изгледала кујна инспирирана од јапонскиот дизајн, изработена во Македонија? Дабов фурнир, мат кремаст медијапан, корпуси од оплеменета иверица и светла камена работна плоча. Едноставност, функционалност, природни текстури и простор. Japanese design thinking. Local craftsmanship.
2
1
15
588
Што е важно во конструкцијата? - Фронтови без класични рачки, со Gola профил или вградена рачка. - Горни елементи со континуирана линија. - Долни фиоки со целосно извлекување. - LED осветлување под горните елементи. - Скриена вентилација и интегрирани апарати. Медијапан со природен дабов фурнир е добар избор за видливите фронтови.
2
71
Натпреварот на MoMA во 1947 и пет дизајнерски класици на Eames, Porset, Panton и др. современи автори = како индустриските материјали, иновативноста и функционалноста го направија добриот дизајн подостапен.
2
5
178
Моето омилено парче од оваа категорија е VÅRKUMLA Chair-bed, Vansta Blue – Gillis Lundgren, 1972. Првично познат како Tajt Denim Lounger, овој мултифункционален лежај на дизајнерот Gillis Lundgren ја спојува едноставноста на индустрискиот дизајн со практичноста на мебелот за секојдневна употреба. Тапациран со тексас, со можност за трансформација во лежај, Тајт бил производ на времето кога IKEA експериментирала со нови материјали и неконвенционални форми. Денес, под името VÅRKUMLA, повторно ја откриваме неговата разиграна форма и носталгичниот карактер. Доказ дека добриот дизајн не старее – само добива нов живот. Во ИКЕА Србија е околу 9500 мкд. ikea.com/rs/sr/p/varkumla-fo… #IKEA #GillisLundgren #VintageDesign #FurnitureDesign #DesignHistory
46
Moins, mais mieux. Минимализмот може да биде и топол. Не мора да значи студен, стерилен простор со бели ѕидови и празни површини. Современиот “топол” минимализам ја задржува едноставноста, но внесува топлина и карактер преку: • Тонови на крем, песок, теракота и таупе (taupe е суптилна неутрална боја, комбинација од сива и кафеава, со топол, земјен подтон. На македонски би можеле да ја опишеме како сиво-кафеава, земјено сива или топла сиво-кафеава нијанса. Види фотк 3.) • Природно дрво, травертин, камен, волна и лен. • Дискретен, скулптурален мебел. • Индиректно осветлување и мека атмосфера. Три принципи: Помалку предмети, подобар квалитет. Инвестирајте во неколку добро дизајнирани парчиња наместо да го исполнувате просторот со мебел и додатоци. Текстурата го заменува прекумерниот декор. Природните материјали создаваат визуелно богатство без непотребни украси. Празниот простор е дел од дизајнот. Светлината, пропорциите и слободните површини се исто толку важни како и мебелот. Идејата? Едноставност без студенило. Помалку елементи, повеќе карактер и атмосфера.
10
238
Внатрешно уредување со Декорама retweeted
Protect the real data centers 📚
110
3,061
147
14,262
189,853
Со задоволство ви ја претставуваме нашата нова соработка со јапонското дизајн-студио masuichiSTUDIO. Заедно ги поврзуваме јапонскиот пристап кон дизајнот и развојот на концепти со локалната експертиза на Декорама, познавањето на материјалите и изработката на мебел по мерка. Оваа соработка е особено интересна за љубителите на минималистички ентериери, јапонската естетика и Japandi стилот - спој на јапонската естетика и скандинавската функционалност. За нашиот прв заеднички проект, нудиме 5% попуст на услугата за дизајн, според цените објавени на нашата веб-страница. Повеќе за нас: 🇯🇵 masuichiSTUDIO: palisa.jp/ 🇲🇰 Dekorama: dekorama.design/
1
2
12
437
Честито 82 години од ослободувањето на Прилеп од фашизмот. Позајмено од @ZoranCardula – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
1
12
285
Што e потребно за живот во целосна изолација, ако ви пукне филмот од комшии? Во првите десет дена од пандемијата во 2020 г. сараевскиот архитект Армин Мешиќ го осмислил проектот „Stay at Home“ куќа од 92 м², замислена како простор за живот далеку од градската врева и секојдневниот метеж. Куќата има четири посебни зони: за читање, спиење, физичка активност и сауна. Дополнително, предвидени се 36 м² тераси за вежбање и набљудување на ѕвездите. Архитектонскиот концепт комбинира камен и дрво, а објектот е подигнат над земјата, потпрен на челични столбови во форма на буквата V.
1
1
1
12
1,391
Интересен детаљ? Сауната била предвидена, телевизорот – не. Проектот на студиото FO4A Architecture освоил повеќе признанија, меѓу кои и наградата Collegium Artisticum 2021 за ентериер.
93
Новата скулптура „Дојрански рибар“ од Никола Пијанманов им оддава почит на генерациите рибари кои ја граделе приказната на градот и неговата нераскинлива врска со езерото. #Дојран #Култура #Уметност #Македонија – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
4
30
420
Килибарна соба, некогаш наречена „Осмото светско чудо“. Оригиналот, украсен со килибар и златни детали, исчезнал во Втората светска војна, откако нацистите го однеле во 1941 година. Денес, во палатата Екатерина кај Санкт Петербург, може да се види нејзината реконструкција, завршена во 2003 година. Каде е оригиналот? Мистеријата сè уште трае. 🟠 bbc.com/travel/article/20210…
1
1
24
977
Кога дизајнот бара објаснување. – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
Who else has been in this situation? 😭😭
2
1
16
564
Дали знаеш дека малата бронзена Тетовска менада можеби некогаш била украс на сад за вино? 🍷🏺 Откриј ја приказната за едно античко ремек-дело од нашето културно наследство. 👇 #ТетовскаМенада #Археологија #Македонија #КултурноНаследство
2
7
215